Кој е твојот Add Zero момент?

Придружи ни се во славењето на таа мала искра што го претвора обичниот момент во нешто што вреди да се памети.  Без разлика дали е тоа време поминато со пријателите, омиленото место за дружење или спонтана авантура, Add Zero е за славење на моментите што носат радост, поврзаност и оптимизам во секојдневниот живот.

 

Животот е исполнет со моменти кои, иако траат кратко, имаат моќ да ни го направат денот подобар. Насмевка што доаѓа неочекувано.  Спонтано кафе со пријателите. Непланиран излет што се претвора во убав спомен. Тоа се моментите што нè потсетуваат да се фокусираме на позитивното, да уживаме во сегашноста и да го искористиме секој ден максимално.

Затоа ја создадовме кампањата Add Zero – за да ги прославиме моментите што го прават животот малку посветол. Без разлика дали зборуваме за долг работен ден кој на крајот се претвора во незаборавно дружење со пријателите како што ни раскажа Fat Cacko; или за приказна како онаа на Дина кога инспирацијата се раѓа додека возиш велосипед низ градот без конкретна дестинација; или пак, е едноставно уживање во чувството по скејт-сесија како во приказната на Alex – Add Zero ги слави моментите што се природни, искрени и без напор.

Тоа се искуствата што ни носат радост, ни помагаат да се поврземе со себе и со другите и нè потсетуваат да уживаме во моментот. Изгледаат различно за секого, но имаат нешто заедничко – чувството дека ништо не недостига. Сè што треба е да додадеш Coca‑Cola Zero Sugar и да уживаш уште повеќе во сето она што го прави животот убав.