Само додај Coca-Cola

 

Кога станува збор за брендовите и вештачката интелигенција, повеќето AI генеративни алатки не ги препознаваат логоата на брендовите и креираат изобличени логоа со непрепознатлив текст. Со еден исклучок... кога логото не е само лого, туку е толку иконично, што дури и вештачката интелигенција го знае тоа. Погодете кој бренд ја заслужил оваа привилегија? Одлучивме тоа да го искористиме и воедно да се забавуваме. 

Само додај Coca‑Cola… и уживај во магијата

 

Coca‑Cola е повеќе од пијалак, дури и повеќе од бренд. Тоа е чувство, расположение, цел свет на оптимизам и среќа, црвена боја и свежи идеи. Како се стигнува до овој свет? Едноставно е, во секојдневните ситуации само додај Coca‑Cola.