Во сезоната на слави и празници, рецепт за магија ни треба повеќе од секогаш. @daveskitchenofficial ни подготви сочна мисирка, одличен начин да ги воодушевите семејството и пријателите.
Најпрво сите зачини промешајте ги со омекнатиот путер и премачкајте ја целата мисирка од внатрешниот (под кожата) и надворешниот дел. Во внатрешниот дел на мисирката ставете го лимонот. Покријте со алуминиумска фолија и печете на решетка во тавче 3-4 часа на 150 степени. Извадете ја фолијата и со течностите полејте ја мисирката, така што на секој 10 минути ќе ја повторите постапката. Извадете ја од рерна и покријте ја со алуминиумска фолија за да се задржат сите сокови, а со течноста во тавата, на рингла промешајте ја водата, нишестето и супата за да направите убав и густ сос.
Сервирајте со Coca‑Cola Zero и уживајте.