Ви носиме собршен рецепт од нашиот @glavcevdejan кој има припремено бургер, кој совршено оди во пар со Coca‑Cola!
Подолу може да го најдете рецептот, а кликнете тука за да го погледнете видеото.
Прво се соединува водата со шеќерот и квасецот, се остава 10 минути да се активира квасецот и се додаваат сите состојки. Измешајте сè добро да се соедини, оставете го тестото да стаса 40 минути. Потоа тестото поделете го на топчиња од 120 грама, формирајте убави мазни топчиња, наредете ги во плех и оставете ги да се одморат покриени уште 40 минути. Потоа се премачкуваат со вода од наут и се печат во загреана рерна на 200 степени 15/20 мин.
Една лименка наут се цеди (водата се става настрана за лебот), се пасира или се меле наутот заедно со 100 гр варена брокула и 2 лажици магдонос.
Зачинете со 3 лажици брашно, 1/2 лажичка црвен пипер, 1/2 лажичка кари, 1/2 лажичка куркума, 1/2 лажичка ким, 1/2 лажичка коријандер, сол и бибер. Се пржи на врело масло и се остава на салфетка да го впие вишокот масло.
Зачинет BBQ, домат, свеж кромид, млада рукола и пржени ситно сечкани компири.
Послужете топло со совршено оладена Coca‑Cola или Coca‑Cola Zero.
Вашиот рецепт за магија е готов!
Ако го поканивте и Вашето друштво, Coca‑Cola 6x0,33l e совршеното пакување за Вас!
Добар апетит!