Добредојдовте во Rosa онлајн школa за родители – вашиот партнер на патот на родителството.
Rosa веќе неколку години иницира и поддржува иницијативи и проекти за создавање подобра средина за мајките и бебињата, како и за целото семејство. Една од нашите мисии е да ги поддржиме родителите на нивното патување исполнето со предизвици.
Ние разбираме дека одгледувањето дете доаѓа со безброј прашања и грижи. Затоа собравме водечки специјалисти од различни области за да одговориме на најчестите прашања кои се појавуваат за време на бременоста и подоцна по породувањето. Токму затоа нудиме 24/7 пристап до експертски совети, за никогаш да не сте сами на ова прекрасно патување.
Соодветната хидратација за време на бременоста е клучна за здравјето на мајката и бебето.
Rosa е природна малку минерална негазирана вода со мала содржина на натриум и растворливи минерални материи. Водата со такви карактеристики не го оптоварува организмот, туку брзо и лесно се апсорбира, забрзувајќи ја циркулацијата на водата низ бубрезите. Затоа и здравите луѓе и лицата со здравствени проблеми можат да ги пијат во неограничени количини.
Започнете го вашето патување со Rosa онлајн школа за родителство и станете најдобриот родител што можете да бидете!
1. Експертски насоки секогаш на дофат Нашата платформа ве поврзува со професионалци во областа на бременоста, породувањето, нега на новороденчиња и родителството. Издвоени содржини:
Како да се подготвите за полесно породување?
Со совети од доц. д-р Митко Ивановски, специјалист по гинекологија и акушерство од клиничката болница „Аџибадем Систина“, ќе научите како физички и психички да се подготвите за породување.
Царски рез, епидурална аналгезија или природно породување?
Добивате увид во предностите и предизвиците на различните начини на породување со доц. д-р Митко Ивановски.
Хидратација за време на бременоста
Нутриционистката Емилија Спасовска-Мојсовска објаснува зошто хидратацијата е клучна за мајката и бебето. Со одржување соодветно ниво на хидратација за време на бременоста се обезбедува транспорт на потребните хранливи материи и се одржува општото здравје на мајката и бебето.
Јадење за двајца – мит или вистина?
Откријте ја вистината за хранливите потреби за време на бременоста со нутриционистката Емилија Спасовска-Мојсовска.
2. Практични совети за нега на новороденчиња Научете како да се грижите за вашето новороденче од специјалистите. Издвоени содржини:
Како да знам дека бебето е сито?
Д-р Марина Поп-Лазарова, неонатолог во приватната општа болница „Ре-медика“, ќе ви помогне да ги распознаете сигналите за глад и ситост кај вашето бебе.
Доење – најдоброто и за мајката и за бебето
Сертифицираниот специјалист за доење Наташа Цветановска Тодосовска зборува за придобивките од доењето.
Што ако не можам да го дојам своето бебе?
Кога доењето не оди според планот, Наташа Цветановска Тодосовска нуди поддршка и алтернативи.
Улогата на таткото по раѓањето на бебето
Д-р Марина Поп-Лазарова дели начини како таткото може активно да учествува.
3. Навигација низ родителски совети Со многу совети достапни, научете што е најдобро за вас. Издвоени содржини:
Дали сите совети за родителство се добри?
Д-р Марина Поп-Лазарова им помага на новите родители да ги проценат различните совети за нега на бебето и да најдат што најдобро им одговара.
Најважната улога на родителот
Психологот Благица Ваниќ зборува за новите, исклучително важни улоги што ги добиваат партнерите кога стануваат родители.