Компанијата Coca‑Cola и нејзините подружници (заедно, Coca‑Cola или ние) сериозно го сфаќаат вашето право на приватност. Цениме што ни ги доверувате вашите лични податоци и почитувањето на вашата приватност е основата на нашата взаемна соработка.
Управувањето со лични податоци од страна на Coca‑Cola се води според овие принципи:
Датум на стапување во сила: 23.05.2024 година
Политиката за приватност на потрошувачите на Coca‑Cola (Политика за приватност) ги опишува личните податоци што ги собира Coca‑Cola од корисниците или за корисници на веб-страниците, мобилните апликации (апликации), виџети и други онлајн и офлајн услуги со кои работи Coca‑Cola (заедно, услуги) и како ги користиме и заштитуваме тие лични податоци. Оваа Политика за приватност исто така објаснува како корисниците можат да направат избор за нивните лични податоци.
Кога упатуваме на лични податоци (понекогаш се нарекуваат и како лични информации според некои закони) во оваа Политика за приватност мислиме на податоци што идентификуваат или можат да се користат за идентификување на поединечно човечко суштество. Ова значи дека личните податоци вклучуваат директни идентификатори (како што е името) и индиректни идентификатори (како што се идентификатор на компјутер или мобилен уред и IP-адреса). Кога упатуваме на ти или корисник, мислиме на некој што користи некоја од услугите. Кога упатуваме на контролор, мислиме на лицето или субјектот што одредува кои лични податоци се собираат од вас или за вас и како тие лични податоци се користат и се заштитуваат.
Начинот на кој ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци подлежи на законите во местата каде што работиме. Тоа значи дека може да имаме различни практики на различни места. За повеќе информации, погледнете Права на приватност и избор, кој вклучува дополнителни описи на вашите права и нашите обврски во одредени клучни јурисдикции и со кого да контактираме.
АКО ИМАТЕ ПРАШАЊА ЗА КАКО COCA-COLA ГИ ОБРАБОТУВА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, КОНТАКТИРАЈТЕ СО PRIVACY@COCA-COLA.COM.
Оваа Политика за приватност е поделена на следниве делови:
Оваа Политика за приватност е објавена и важи за нови корисници на 23.05.2024 година.
Претходните верзии на политиките за приватност на Coca‑Cola важат до 02.06.2024 и се достапни на барање достевено до privacy@coca-cola.com.
Политиката за приватност се однесува на личните податоци собрани од корисниците на услугите во кои Политиката за приватност е објавена или поврзана, кога Политиката за приватност е конкретно наведена во услугите или кога Coca‑Cola бара од вас да ја потврдите. Оваа Политика за приватност, исто така, ги опфаќа личните податоци што ги собираме од потрошувачите кои контактираат со нас преку е-пошта, телефон и офлајн, како на пример, за време на физички настан.
a. Информации кои вие ни ги давате
Ги собираме личните податоци кои ќе ги изберете да ги споделите со нас.
b. Информации за користењето на нашите апликации
Кога преземате и инсталирате една од нашите апликации, информациите што ги собираме зависат од оперативниот систем и дозволите на вашиот мобилен уред. Нашите апликации треба да користат одредени функции и податоци од вашиот мобилен уред за да функционираат. На пример, ако сакате беспрекорно искуство од интернет до апликација, треба да собираме и поврзуваме информации од вашиот веб-прелистувач.
За да дознаете повеќе за конкретните информации собрани од апликацијата, проверете ги поставките на вашиот уред или прегледајте ги информациите за дозволите достапни на одредената платформа (на пример, Google Play и App Store) од каде што сте ја преземале апликацијата. Одредени апликации, исто така, ви дозволуваат да го проверите или промените статусот за одредено собирање податоци во поставките за апликацијата. Ако ги промените поставките, одредени функции на апликацијата може да не функционираат правилно.
За да го прекинете собирањето на сите информации преку апликација, деинсталирајте ја апликацијата.
c. Информациите автоматски се собираат за време на користењето на Услугите
Ние автоматски собираме одредени информации од услугите и за користењето на услугите од компјутерите и мобилните уреди на корисниците. Некои автоматски собрани информации се лични податоци според одредени закони. Овие информации автоматски се собираат со помош на колачиња, пиксели, веб-светилници и слична технологија за собирање податоци (колективно, технологија за собирање податоци).
d. Информации собрани од трети лица
Одвреме-навреме, добиваме лични податоци од трети лица кои ги користиме за да дознаеме повеќе за нашите корисници, да го персонализираме корисничкото искуство и поефикасно да ги промовираме и подобриме Услугите.
e. Други информации собрани со ваша согласност
Може да побараме од вас согласност за собирање одредени видови лични податоци за да можете да учествувате во нови активности, да добивате ексклузивни содржини или да тестирате нови функции. Според некои закони за приватност, од Coca‑Cola се бара да добие согласност пред да собира и користи лични податоци. Погледнете го Дел 9 за подетални информации.
Coca‑Cola ги користи личните податоци за да ги обезбеди и подобри Услугите, да управува со својот бизнис, да ги заштити корисниците и да ги спроведе своите законски права.
Зошто Coca‑Cola користи колачиња и друга технологија за собирање податоци?
Некои колачиња се потребни за да функционираат Услугите. Други колачиња ни овозможуваат да ги следиме интересите на корисниците за насочено рекламирање и да го подобриме искуството на Услугите.
Coca‑Cola се грижи да ги штити и чува личните податоци што ни се доверени. Ние користиме различни мерки за да ни помогнат да ги заштитиме личните податоци од неовластен пристап и употреба.
Ги чуваме личните податоци за корисникот онолку долго колку што е активна сметката на корисникот и на друг начин додека е потребно за целите опишани погоре. Исто така, ги чуваме личните податоци онолку долго колку што е потребно за да се усогласиме со законските обврски, да решаваме спорови и да ги спроведуваме нашите договори.
Можете да направите избор за тоа како Coca‑Cola ќе управува со вашите лични податоци. Можете да ги остварите вашите права за приватност со контактирање на Coca‑Cola како што е опишано во овој Дел 9 или користејќи различни алатки кои се достапни преку вашиот прелистувач или кои Coca‑Cola ги прави достапни. Во некои случаи, вашата способност за пристап или контрола на вашите лични податоци е ограничена со важечкиот закон.
Преференци за мобилни уреди
Мобилните оперативни системи и платформите за апликации (на пример, Google Play, App Store) имаат поставки за дозволи за одредени типови податоци и известувања за мобилни уреди, како што се пристап до контакти, услуги за гео-локација и насочени известувања. Можете да ги користите поставките на вашиот мобилен уред за да се согласите или да одбиете одредено собирање информации и/или насочени известувања. Одредени апликации, исто така, може да имаат поставки што ви дозволуваат да ги менувате дозволите и насочените известувања. За некои апликации, менувањето на поставките може да предизвика одредени аспекти на апликацијата да не функционираат правилно.
Можете да го запрете целото собирање информации од апликацијата со деинсталирање на апликацијата. Ако ја деинсталирате апликацијата, размислете и за проверка на поставките на вашиот оперативен систем за да потврдите дека единствениот идентификатор и друга активност поврзана со вашата употреба на апликацијата се избришани од вашиот мобилен уред.
Откажување од е-пошта и текстуални пораки на Coca‑Cola
За да престанете да добивате промотивна е-пошта од Coca‑Cola, кликнете на врската „Отпиши се” најдолу на е-поштата. Откако ќе се откажете, сè уште може да ви испраќаме непромотивни комуникации, како што се сметки за купувања или административни информации за вашата сметка.
Поставките за вашата сметка, исто така, може да ви овозможат да ги промените вашите поставки за известувања, како што се насочените известувања од апликација.
За да престанете да добивате промотивни текстуални пораки (SMS или MMS), испратете одговор на текстуална порака што покажува дека сакате да престанете да добивате промотивни текстуални пораки од нас – како на пример, со испраќање текстуална порака со зборот „Стоп”. Можете, исто така, да не известите како што е наведено подолу во делот „Контактирајте со нас”. Наведете кои типови на известувања повеќе не сакате да ги добивате заедно со соодветниот телефонски број, адреса и/или адреса на е-пошта. Ако се откажете од примање пораки поврзани со маркетинг од нас, сепак може да ви испратиме важни административни пораки, како што се е-пошта за вашите сметки или купувања
ДОКОЛКУ СЕ НАОЃАТЕ ВО ЈУРИСДИКЦИЈА ВО КОЈА ЗАКОНИТЕ ЗА ПРИВАТНОСТ ВИ НУДАТ ПРАВА ЗА ПРИВАТНОСТ КОИ НЕ СЕ ОПИШАНИ ВО ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ, КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ НА PRIVACY@COCA-COLA.COM. Ние ги почитуваме вашите права за приватност и ќе се потрудиме да ги исполниме вашите барања.
Некои од услугите имаат ограничувања за возраста што значи дека може да поставуваме прашања за да ја потврдиме вашата возраст пред да ви дозволиме да ги користите тие услуги.
Во согласност со нашата Политика на одговорен маркетинг, Coca‑Cola не насочува маркетинг за нашите производи на деца под 13-годишна возраст. Ако дознаете дека дете под 13-годишна возраст или возраста утврдена според локалниот закон ни доставило лични податоци без родителска согласност или различни од она што е дозволено со важечкиот закон, ве молиме контактирајте ја нашата Канцеларија за приватност на privacy@coca-cola.com. Откако ќе дознаеме, ние ќе преземеме чекори за отстранување на личните податоци на детето како што се бара со важечкиот закон.
Coca‑Cola може да пренесува лични податоци преку границите на кое било од местата каде што работиме ние и нашите добавувачи и деловни партнери. Овие други места може да имаат закони за заштита на податоци кои се различни од (и во некои случаи, нудат помала заштита) од законите каде што живеете.
Доколку вашите лични податоци се пренесуваат преку границите од нас или во наше име, ние спроведуваме соодветни заштитни мерки за да ги заштитиме вашите лични податоци во согласност со оваа Политика за приватност и важечкиот закон. Овие заштитни мерки вклучуваат согласување со стандардните договорни клаузули или модели на договори за пренос на лични податоци меѓу подружниците на Coca‑Cola и меѓу нашите добавувачи и партнери. Кога се воспоставени, овие договори бараат од нашите подружници, добавувачи и партнери да ги заштитат личните податоци во согласност со важечките закони за приватност.
За да побарате информации за нашите стандардни договорни клаузули или други заштитни мерки за прекуграничен пренос на лични податоци, контактирајте со privacy@coca-cola.com.
Може да ја ажурираме оваа Политика за приватност одвреме-навреме како одговор на променливите правни, технички или деловни случувања. Најактуелната верзија секогаш е достапна преку услугите.