Откриј го Foodmarks – твојот водич за култни гастрономски искуства со Coca‑Cola!

  

Откриј ги најдобрите места за јадење во Северна Македонија со Foodmarks! Те водиме низ култни ресторани и кафулиња каде што Coca‑Cola совршено го надополнува секој оброк. Откриј ги овие локации, уживај во вкусна храна и создади                                                                                                   трајни спомени со Coca‑Cola.

   

Дебар Маало

„Дебар Маало“, кафеаната што го носи името на најпопуларното скопско маало, е едно од местата што навистина е гастрономска знаменитост на главниот град. 

Со голема сончева тераса и уште поголем внатрешен дел што е декориран во совршен етно-амбиент, оваа градска кафеана е првиот избор на посетителите кога имаат желба за некој од нејзините најпрепознатливи оброци, како што е надалеку познатото димено ребро на дрва, кое совршено оди во комбинација со Coca‑Cola Zero! 

basch

Гостилница „ДМ“

Гостилницата „ДМ“, како дел од скопската гастрономска историја, веќе со децении наназад на своите гости им нуди одлична и вкусна храна, комбинирана со брза и квалитетна услуга. Низ годините, од скромно место за оброк прерасна во една од најпознатите скопски гостилници за дружење, каде што секој гостин доаѓа во неа поради беспрекорната храна, особено поради храната приготвена на скара. Секако, и поради топлата атмосфера низ која провејува традиционалниот дух со љубезен персонал. 

fazan

„Кантина“

„Кантина“ е првиот скопски бар со индустриски стил, кој веќе 9-та година успешно функционира во нашиот главен град. 

По примерот на европските барови во Берлин, Амстердам и Лондон, уште на самиот почеток „Кантина“ се обидува да ѝ го пренесе и да ѝ го доближи урбаниот концепт на скопската публика. Нивното мото е: „Прифаќање на различноста“ („Embracing diversity“), што значи дека создаваат атмосфера каде што сите групи луѓе (маргинализирани или немаргинализирани) може слободно и опуштено да комуницираат меѓу себе, уживајќи во вкусна храна и добар пијалак. 

balkan

Кај Жабарот

За овој гастрономски историски локал, кој е дел од скопската историја веќе 40 години, скопјани имаат само чиста 10-ка! 

Фотографиите на ѕидовите во овој локал сведочат за моментите што се дел од градската историја и големата љубов кон вкусните оброци. Амбиентот, кој е навистина омилен меѓу скопјани и сите добронамерници, енергијата и спонтаноста на персоналот што работи локацијата на градскиот кеј каде секогаш се бараат маса, две, три повеќе, се нештата поради кои секој што некогаш седнал „Кај Жабарот“ е редовен гостин. 

fazan

Toto Daily Bistro

Каде одат скопјаните кога сакаат извонреден сендвич со совршени состојки, кафе набрзина со градски луѓе и персонал што секогаш, без исклучок, ги пречекува со другарска насмевка?

Се разбира, во „Toto Daily Bistro“! 

Бистрото каде што сè од менито е приготвено со состојки од врвен квалитет, кои се надополнуваат на дневно ниво, и каде што освен сендвичи и салати, може да пробате домашни и со љубов приготвени проја, пити и торти, е истовремено и гастрономска и урбана знаменитост на главниот град. 

balkan

Кафеана „Тото“

„Тото“, скопската кафеана со семејна историја од 31 година со победничко мени чиј квалитет не се менува од самите почетоци, е местото што едноставно не се пропушта – без оглед на тоа дали станува збор за семеен ручек или за гурманско уживање со пријателите. 

Ова место во кое неповторливиот шарм на персоналот со децении ве пречекува со широка насмевка е местото каде што се оди на шарска плескавица со кајмак, совршено искомбинирана со Coca‑Cola Zero или на домашно приготвени сезонски мезиња што со нетрпение ги очекуваат сите љубители на ајвар, пинџур, малиџано... 

fazan

Ројал Бургер

Повеќе од деценија, поточно од 2012 година, „Ројал Бургер“ го редефинира концептот за „fast food“ на скопската шема. Позициониран во фамилијарното Ново Лисиче од каде што започнува оваа гастрономска приказна, „Ројал Бургер“ нуди концепт инспириран од американската кујна, збогатен со македонски вкусови и традиција. Култните бургери се приготвуваат со свежи, локални состојки и со доза македонска страст, нудејќи искуство што е и познато и уникатно.

balkan

Чардак

Кога зборуваме за неверојатно вкусна, автентична македонска храна, но и топла, пријателска атмосфера, всушност зборуваме за кафеаната „Чардак“, сместена во срцето на улицата „Боемска“. 

Местото каде што звуците на чалгиите совршено се вклопуваат во амбиентот, каде што сите гости и целиот персонал имаат широки насмевки, е место во кое се служат автентични оброци приготвени според рецепти стари повеќе од 60 години. 

fazan

Скопски мерак

Култната и успешна приказна на овој локал започнува од далечната 1991 година. Уште на самиот почеток, квалитетот на храната и услугата се во прв план на оваа гастрономска знаменитост. Одличната локација во срцето на градот и топлата и пријатна атмосфера се причината поради која гостите го сакаат веќе етаблираниот бренд „Скопски мерак“, па токму затоа, освен прославите, тимот на „Скопски мерак“ го прави навистина незаборавно нивното секојдневие. Како што велат и самите: „Конзистентноста на квалитетот низ годините се постигнува само со голема посветеност и љубов кон тоа што го работиш и тоа е она што нè издвојува од другите.“

balkan