За овој гастрономски историски локал, кој е дел од скопската историја веќе 40 години, скопјани имаат само чиста 10-ка!
Фотографиите на ѕидовите во овој локал сведочат за моментите што се дел од градската историја и големата љубов кон вкусните оброци. Амбиентот, кој е навистина омилен меѓу скопјани и сите добронамерници, енергијата и спонтаноста на персоналот што работи локацијата на градскиот кеј каде секогаш се бараат маса, две, три повеќе, се нештата поради кои секој што некогаш седнал „Кај Жабарот“ е редовен гостин.
Омилениот оброк на скопјани е култната 10-ка со кромид – се разбира, во победничка комбинација со Coca‑Cola Zero.