Култната и успешна приказна на овој локал започнува од далечната 1991 година. Уште на самиот почеток, квалитетот на храната и услугата се во прв план на оваа гастрономска знаменитост. Одличната локација во срцето на градот и топлата и пријатна атмосфера се причината поради која гостите го сакаат веќе етаблираниот бренд „Скопски мерак“, па токму затоа, освен прославите, тимот на „Скопски мерак“ го прави навистина незаборавно нивното секојдневие. Како што велат и самите: „Конзистентноста на квалитетот низ годините се постигнува само со голема посветеност и љубов кон тоа што го работиш и тоа е она што нè издвојува од другите.“
Нивниот специјалитет на куќата ‒ ребро во фурна ‒ се подготвува 9 часа на ниска температура во фурна на дрва и совршено одговара со добро изладена Coca‑Cola Zero.