Гостилницата „ДМ“, како дел од скопската гастрономска историја, веќе со децении наназад на своите гости им нуди одлична и вкусна храна, комбинирана со брза и квалитетна услуга. Низ годините, од скромно место за оброк прерасна во една од најпознатите скопски гостилници за дружење, каде што секој гостин доаѓа во неа поради беспрекорната храна, особено поради храната приготвена на скара. Секако, и поради топлата атмосфера низ која провејува традиционалниот дух со љубезен персонал.
Велат, оној што не ја пробал мешаната шарска плескавица во комбинација со Coca‑Cola Zero во гостилницата „ДМ“, навистина пропушта многу! Оваа гостилница, која се издвојува од другите поради квалитетната традиционална храна и оригиналниот амбиент, е дел од многубројни скопски спомени, мигови поминати во неа и дружби на гостите низ годините што се паметат.