fazan

Toto Daily Bistro

Каде одат скопјаните кога сакаат извонреден сендвич со совршени состојки, кафе набрзина со градски луѓе и персонал што секогаш, без исклучок, ги пречекува со другарска насмевка?

Се разбира, во „Toto Daily Bistro“! 

Бистрото каде што сè од менито е приготвено со состојки од врвен квалитет, кои се надополнуваат на дневно ниво, и каде што освен сендвичи и салати, може да пробате домашни и со љубов приготвени проја, пити и торти, е истовремено и гастрономска и урбана знаменитост на главниот град. 

Омилениот оброк во „Toto Daily Bistro“, како што вели Шеле (сопственик и градски гастрономски херој), е сендвичот „Pulled Pork“ кој искомбиниран со Coca‑Cola Zero e вистинско гурманско уживање. Но, еднакво омилени се и сендвичот со пршута, сендвичот со стек и автентичниот сендвич „BLT“.   

„Toto Daily Bistro“ е сместено на перфектна локација ‒ крстосницата на скопската легендарна улица „Ленинова“, која, пак, води директно до уште едно историско место за сите љубители на храна ‒ дел од семејната историја на Тото: кафеаната „Тото“.