„Тото“, скопската кафеана со семејна историја од 31 година со победничко мени чиј квалитет не се менува од самите почетоци, е местото што едноставно не се пропушта – без оглед на тоа дали станува збор за семеен ручек или за гурманско уживање со пријателите.
Ова место во кое неповторливиот шарм на персоналот со децении ве пречекува со широка насмевка е местото каде што се оди на шарска плескавица со кајмак, совршено искомбинирана со Coca‑Cola Zero или на домашно приготвени сезонски мезиња што со нетрпение ги очекуваат сите љубители на ајвар, пинџур, малиџано...
Домашниот дух, спокојната атмосфера и квалитетот на оброците, кои се служат повеќе од три декади, е „магнетот“ што ги привлекува гостите и прави кафеаната „Тото“ да биде полна со луѓе што уживаат во секој миг поминат таму.
Токму затоа, кафеаната „Тото“ е епска гастрономска знаменитост и редок дијамант во скопската угостителска фела.