bash

Дебар Маало

„Дебар Маало“, кафеаната што го носи името на најпопуларното скопско маало, е едно од местата што навистина е гастрономска знаменитост на главниот град. 

Со голема сончева тераса и уште поголем внатрешен дел што е декориран во совршен етно-амбиент, оваа градска кафеана е првиот избор на посетителите кога имаат желба за некој од нејзините најпрепознатливи оброци, како што е надалеку познатото димено ребро на дрва, кое совршено оди во комбинација со Coca‑Cola Zero! 

Освен традиционалната храна, гостите неретко одат во „Дебар Маало“ и за, како што велат самите, „кафеанската душа“ на локалот ‒ атмосферата што навистина ги понесува сите и во летниот и во зимскиот период. 

Тимот на „Дебар Маало“ е исклучително посветен на менувањето на стереотипите и кафеанските правила воспоставени низ децениите. Ставајќи ги во фокусот атмосферата и желбите на посетителите, тие навистина се флексибилни за секоја желба на секој посетител, докажувајќи дека токму тоа е она што овој локал го прави „кафеана со душа“.