balkan

Кантина

„Кантина“ е првиот скопски бар со индустриски стил, кој веќе 9-та година успешно функционира во нашиот главен град. 

По примерот на европските барови во Берлин, Амстердам и Лондон, уште на самиот почеток „Кантина“ се обидува да ѝ го пренесе и да ѝ го доближи урбаниот концепт на скопската публика. Нивното мото е: „Прифаќање на различноста“ („Embracing diversity“), што значи дека создаваат атмосфера каде што сите групи луѓе (маргинализирани или немаргинализирани) може слободно и опуштено да комуницираат меѓу себе, уживајќи во вкусна храна и добар пијалак.  

Тимот на „Кантина“ секогаш се обидува да внесе новини во своето навистина разновидно мени. Моментално, најпопуларни и најбарани се азиските оброци, особено азиското пилешко. Омилените оброци во комбинација со Coca‑Cola Zero одлично ја надополнуваат целата слика за барот кој идеално ја пресликува специфичната фузија помеѓу Истокот и Западот.