Coca cola предизвик за креативци и дизајнери

Coca cola предизвик за креативци и дизајнери

Понекогаш ве инспирираат нешта и предмети за кои најмалку очекувате дека би биле дизајнерска креативна мотивација

Приказните за британските дизјанери Кејтлин Плејт, Ашиа и Џули Бурк и Кимберли Норколи, кои од Coca‑Cola капачиња, лименки и шишиња изработуваат прекрасни и уникатни парчиња накит, нека бидат инспирација за сите оние кои сакаат креативно изразување.

Стаклените прстени на Кејтлин Плејт

Кејтлин Плејт изработувала накит од рециклирано стакло многу пред тоа да стане тренд. Подготвувајќи се за отворањето на музејот World of Coca Cola, во Атланта 2007 година, компанијата барала, за во продавницата за сувенири и подароци, дизајнерски парчиња во духот на своите производи. Ја контактирале Кејтлин чии дела им се допаднале и така започнала соработката. Таа ja дизјанира линијата накит наречена “Drink it, Wear it”користејќи Coca‑Cola стакло.

Стаклените прстени на Кејтлин Плејт

„Да се работи со Coca‑Cola шишињата е тешко поради големината и формата“ - вели таа. „Купив циркуларна пила за да ги сечам и коцките се наредија“. Денес, како резултат на работата со стаклените Coca Cola шишиња, Кејтлин Плејт е сопственик на патент за правење стаклени прстени од шишиња. Според неа Coca‑Cola е магично стакло бидејќи „е толку чисто и има толку прекрасен сјај во него.“ За Coca‑Cola стаклениот накит вели дека одлично се вклопува во секој outfit, секому му одговара, стои одлично без оглед на тенот и бојата на облеката. „Едноставо со него не може да погрешите“.

Ашиа и Џули Бурк ги трансформираат лименките

Дизајнерскиот тим Ашиа и Џули Бурк се всушност мајка и ќерка кои ги здружиле силите. Прво Ашиа, една од четирите ќерки на Џули, почнала да се занимава со изработка на накит, а потоа и Џули, која е пензиониран полицаец, ѝ се придружила. По пензионирањето Џули работела како чувар во ноќна смена и често со лименка Coca‑Cola си ја враќала будоста и енергијата.

“Сфативме дека наместо да ги фрламе лименките може креативно да ги трансформираме. Тоа беше win-win затоа што од една страна имавме материјал за работа, а од друга тоа е добро за животната средина“ - вели Џули.

Ашиа и Џули Бурк ги трансформираат лименките

Пробувале различни техники на сечење и виткање и развиле уникатна технологија на претворање на лименките во деликатни прецизно свиткани и нежни цветчиња од роза или крилја од пеперутка.

„Не сакаме да правиме едноставни парчиња што секој може да ги направи, ние сакаме да бидеме едно ниво погоре и да изработуваме уникатни и препознатливи предмети“ - вели Џули. А нивните клиенти, главно жени, токму таа уникатност ја сакаат.

Накитот од капачиња на Кимберли Норколи

Мајката и очувот на Кимберли Норколи имале продавница за витраж па таму стекнала вештини за работа со стакло. Една вечер го гледала филмот Confessions of a Teenage Drama Queen во кој главниот лик носи чокер околу вратот направен од сребрени Coca‑Cola капачиња. Тоа бил момент на инспирација за младата и креативна Кимберли, едноставно толку и се допаднал ѓерданот што решила да си направи ист таков. Набавила капачиња, експериментирала со различни видови на дупчење и поврзување се додека не постигнала дизајн сличен на оној од филмот.

Накитот од капачиња на Кимберли Норколи

„Речиси целата моја фамилија, вклучувајќи ме и мене, отсекогаш сме љубители на Coca Cola. Брат ми е верен на Diet Coke, а јас ја обожувам Cherry Coke, додека поголемиот дел од фамилијата на татко ми го сакаат класичниот Coca‑Cola вкус“ - вели Норколи. “ Има повеќе причини зошто користам Coca‑Cola капачиња и отворачи на лименки: забавни се, му даваат атрактивен изглед на накитот, добро стојат, претставуваат дел од еден вонвременски бренд, а истовремено, користејќи ги, го намалувам отпадот што завршува на депонија“ - додава таа.

Ако ви се допаднаа приказните на овие дизајнерки, ве предизвикуваме да создадете оригинално парче накит кое ќе ја има специфичната Coca‑Cola примамливост и привлечност. Парче кое ќе зборува колку за традицијата на брендот толку и за личноста на оној што го носи. Има ли креативци кои ќе ни пратат фотографија од своето дело?