РЕКЛАМИ ДА, НО НЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА

РЕКЛАМИ ДА, НО НЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА

Компанијата Coca‑Cola секогаш е чекор понапред ставајќи ги на прво место потребите на потрошувачите.

Секојдневно, во зависност од моментот, ситуацијата, расположението…. донесуваме најразлични одлуки. Притоа најмногу се грижиме за семејството и најблиските кои од нас очекуваат да бидеме нивна потпора. Се трудиме правилно да постапуваме и да бидеме добро информирани.

Coca‑Cola како компанија со долга историја и традиција секогаш настојува да го почитува наследството и да ги цени вредностите со цел на вашето семејство да му се овозможи од широкиот асортиман да избере пијалак кој ќе ги задоволи вашите секојдневни потреби.

Компанијата Coca‑Cola е секогаш чекор понапред, ставајќи ги на прво место потребите на потрошувачите.

Го поддржуваме правото на родителите или старателите да донесуваат вистински одлуки по однос на исхраната на децата. Колку, кога и во која мера се прашањата на кои Coca‑Cola одговара со адекватни информации за нутритивните вредности на своите производи, како на самото пакување така и на интернет.

Единствено наоружани со квалитетни информации можете да донесете исправна одлука, а сѐ што треба да направите е да оддвоите минута време за да ги погледнете информациите за нутритивните вредности на различните производи од разновидниот асортиман на компанијата Coca‑Cola.

Насоките со кои ќе им помогнете на децата да направат правилен избор во различни секојдневни ситуации ќе им овозможат во иднина да донесуваат подобри одлуки засновани на факти.

Профитот и заработувачката не се најважни за Coca‑Cola како систем, затоа првенствено се обврзуваме да продаваме безбедни пијалаци со висок квалитет но и да применуваме одговорен маркетинг и на потрошувачите да им обезбедуваме информации на кои можат да им веруваат.

На пример, Coca‑Cola не рекламира производи на деца помлади од 12 години. Сигурно и самите сте забележале дека компанијата Coca‑Cola не пласира реклами за своите брендови во медиумите кои директно се обраќаат на деца под 12 години вклучувајќи тука телевизиски емисии, печатени медиуми, веб страници, социјални мрежи, филмови или маркетинг по пат на смс или e-mail.

Исто така компанијата Coca‑Cola ги почитува училиштата како опкружување наменето единствено за учење и смета дека училниците не треба да бидат простор за реклама.

Coca‑Cola се определила да не ги продава своите пијалaци во основните и средните училипта освен ако родителите, учителите и школската управа самите не го побараат тоа имајќи ја предвид потребата на децата за хидратација. Во такви случаи, компанијата Coca‑Cola се обидува да ги задоволи тие барања нудејќи го целокупниот асортиман на производи, вклучувајќи ги и водата и соковите, кои може да бидат регуларни, нискокалорични или без калории.

Во основата на нашата деловна политика е да помагаме во развојот на заедницата, затоа помагаме таму каде е потребно но не по секоја цена и не заради себепромоција. Ако Coca‑Cola дала поддршка во изградбата на училиште, игралиште, парк и сл. името на команијата ќе биде споменато само во контекст на обезбедувањето финансиска поддршка на изградбата, а не за маркетиншки цели.

За да не биде сѐ само на зборови, Coca‑Cola прави сѐ за да се осигура дека и вработените во компанијата и соработниците се комплетно запознаени со нашата напредна политика и овозможуваме поддршка во примената на таквата политика ширум светот. Тоа подразбира и достапност на медиумски алатки за глобалните медиумски партнери.