Каде cе hаоѓа Швепшир?

Каде cе hаоѓа Швепшир?

На фанатичните љубители на Schweppes познат им е округот Швепшир од старите реклами. Меѓутоа ако одите во Велика Британија и некого го прашате за тоа место или се обидете да го пронајдете во старите водичи, на сајтовите, блоговите или google maps, нема да пронајдете ни еден поштенски број под тоа име.

Како е тоа можно?! Ќе ви откриеме тајна.

Швепшир е измислено место за потребите на рекламната кампања од педесттите години на минатиот век. Старите реклами се тука да посведочат за она што било направено со добра доза на британски хумор и одлично чувство за носталгија.

Кога во 1951г. агенцијата Bloxham го презела рекламирањето на Schweppes постоеле само неколку правила за рекламирање. Требало да биде единствено, да ги забавува луѓето, а рекламите требало да ја искористат љубовта кон Schweppes и сите негови производи. И така наскоро се родил Швепшир.

Нацртан е како необичен округ во Велика Британија со свој јазик, одбрани ликови и грб но без никакво прикажување на производот туку само на дното на рекламата пишувало: „Schweppervescence трае низ целиот пијалак“.

Швепшир е измислено место за потребите на рекламната кампања од педесттите години на минатиот век.

Во текот на следните 14 години Стивен Потер го пишувал текстот, a Џорџ Хим го оживеал имагинарниот округ низ своите цртежи. Јавноста ги запознала жителите на Швепшир бидејќи Потер и Хим секоја година објавувале шест нови реклами.

Рекламите со Швепшир го претставуваат најдоброто од британскиот хумор кој ги одушевил луѓето и надвор од границите на кралството и на многумина им останале во сеќавање и многу години потоа. Погледнете уште некои реклами од тој период.

Авторите навистина се потрудиле содржината да не биде поврзана само со Англија па дури и ја измислиле Швепсилванија – 49-та америчка држава. И тука имало навистина одличен хумор, а Потер се шегувал и на сметка на „љубовната врска“ на Американците со автомобилите.

Драги љубители на Schweppes, за жал Швепшир и Швепсилванија не постојат, па не можете физички да ги посетите, но ако ви е за утеха секоја нова голтка Schweppes ве води на патување низ овие места.