Coca‑Cola паркинзи за велосипеди

Coca‑Cola паркинзи за велосипеди

Да знаеше велосипедот да зборува сигурно деновиве ќе му шепотеше на својот cool сопственик или убава сопственичка “паркирај ме кај Coca‑Cola“

Каде е тоа?

Тоа се модерните, супердизајнирани, ем практични ем убави за око, паркинзи за велосипеди кои Coca‑Cola ги смести на неколку најбитни места во главниот град.

На точак каде ако не во парк. И за да може на раат да си се паркирате и да уживате токму таму се лоцирани две паркиралишта.

Паркинзите со супер дизајн, во кој е вклучено и култното контурирано шише, се појавија и на Плоштад. Супер е ако работите во центар ќе избегнете гужва и барање место за паркирање, а истовремено ќе си стигнете на работа полни позитивна енергија поради утринската физичка активност.

За оние што гравитираат кон Аеродром, Coca‑Cola паркиралиште за велосипеди има пред Капитол Мол, се појави црвено-црниот пар и кај Фонтана, а се очекува да никнат уште неколку на различни локации.

Може и да ги поделиме, црвениот за оние традиционалистите, засекогаш верни на класичниот вкус, а црниот за следбениците на Zero револуцијата - комплетен вкус без шеќер и со нула калории.

Предизвик?!

На црвениот или на црниот ќе има повеќе паркирани велосипеди?

Постојат многу причини зошто Coca‑Cola ја промовира велосипедската култура.

  • Заштита на животната средина - помалку автомобили почист воздух
  • Побрзо движење - нема заглавување во сообраќаен метеж
  • Полесно и бесплатно паркирање
  • Редовна физичка активност за која не мора да се издвојува посебно време

Која е вашата причина, зошто сте на точак?