3 Одлични причини за да уживате во бременоста со Роса

3 Одлични Причини Да Уживате Во Бременоста Со Роса

Понекогаш голема чаша вода може да реши многу проблеми.

Бременоста е благословена состојба во која додека уживате во растењето на бебенцето во стомакот исто така се соочувате и со понекогаш застрашувачки промени на вашето тело. Понекогаш голема чаша вода може да реши многу проблеми.

Оптимална хидрираност

Ако сте од оние кои се свесни за неопходноста од доволен дневен внес на вода за секој организам тогаш ви е јасно дека бременоста е период кога особено треба да обрнете внимание на тоа колку и каква вода внесувате со цел да си обезбедите здравје себеси и своето дете.

  • Неопходна ви е вода за хидрирана и еластична кожа на која нема да се појават стрии и целулит во бременоста. 
  • Неопходна ви е вода за енергија и виталност.  
  • Литар вода на секои 25кг тежина останува како базична препорака со можност за зголемување количините во летен период или при неопходност од прочистување на организмот како превенција од инфекции.
Оптимална хидрираност

Превенција на инфекции

Инфекциите, особено уринарните, во текот на бременоста можат зачестено да се јавуваат поради олабавување на мазната мускулатура кај жената, притисокот кој од растење на плодот во матката се пренесува на околните структури од уринарниот тракт и поради близината на уретрата до аналната и вагиналната регија.

Најчести предизвикувачи на уринарни инфекции во текот на бременоста се Escherichia coli, Enterokoki, Staphilococcus, Proteus, Ureaplasma, Chlamidia и др. Инфекциите можат да бидат на мочниот меур (cistitis), но и да ги зафатат погорните партии на уринарниот тракт (pielonephritis). За превенција, зголемете го внесот на вода.

Роса ви е одличен сојузник затоа што го чисти организмот, ниското ниво на минерали ја прави соодветна за трудници, не се задржува во ткивата и лесно ги елиминира токсините од организмот.

Превенција на инфекции

Едеми

Во текот на бременоста некои жени забележуваат задржување на течности и отоци. Решението не е да избегнувате вода. Напротив тоа е контрапродуктивно.

Внесот на течности треба да биде спред препораките на лекарите, пијте најмалку 2 литри дневно Роса затоа што има минимално количество на натриум и се препорачува кај трудници со проблеми со едеми и хипертензија.

За да не ве мачат едемите потрудете се да внесувате јаболко, магдонос како природни диуретици, лук и кромид за подобрување на циркулацијата, избегнувајте солена и конзервирана храна и често одете на кратки прошетки.

Едеми

По породувањето водата е есенцијална во процесот на создавање на мајчиното млеко, не само што го поттикнува лачењето туку влијае и врз квалитетот на млекото со кое се храни бебето.

Заради тоа сите педијатри препорачуваат внес исклучиво на вода во текот на доењето, а Роса со својот хемиски состав, висок квалитет и ниското минерално ниво соодветствува на сите лекарски препораки за внес на вода кај доилките.