5 слатки факти за стевиа

5 слатки факти за стевиа

The Coca‑Cola Company се потруди сите Coca‑Cola производи кои содржат засладувач стевиа да имаат одличен вкус

Invalid date. Please publish page or set Publication Date

И покрај сите информации што се достапни онлајн или од медиумите сепак сеуште по автоматизам помислуваме: „Ако е благо мора да е калорично, ако е вкусно мора да е нездраво, ако е додадена нова состојка мора да е вештачка.“

Можеби јасно разграничување на фактите по однос на стевиа ќе ви помогнат во изборот на здрав животен стил, урамнотежена исхрана, енергетски баланс, умереност без откажување од задоволството.

1. Слатка е, а не содржи калории

Стевиа е засладувач кој не содржи калории, екстрактот од растението стевиа е 200-350 пати посладок од истото количество кристален шеќер.

2. И благо и природно

Листовите на растението стевиа се берат и се сушат тогаш кога ќе постигнат највисок степен на слаткост. Исушените листови се потопуваат во вода за да се ослободат супстанциите со најдобар вкус. Потоа екстрактот се филтрира, се прочистува, се суши и се кристализира. Крајниот производ е засладувач со голема чистота кој може да се користи во комбинација со други засладувачи, како шеќер и овошен сок, со цел производство на одлични нискокалорични или бескалорични производи или производи со намален број калории.

3. Ем вкусно, ем здраво

Стевиата како засладувач се користи во пијалаците на Coca‑Cola со цел да се одговори на сè поизразената побарувачка на потрошувачите за пијалаци со одличен вкус, засладени со природни засладувачи. Стевиата е засладувач кој не содржи калории и при неговото комбинирање со дополнителен засладувач, како шеќерот, им нуди на потрошувачите производи со намалени калории или нискокалорични производи.

4. Кога се работи за безбедноста не правиме компромиси.

Научни истражувања, студии за безбедноста на стевиата и ригорозни проверки претходеа на прифаќањето на овој засладувач од страна на Заедничката експертска комисија за прехранбени адитиви на СЗО, Европската агенција за безбедност на храната, Американската агенција за храна и лекови, како и од страна на повеќе од 75 земји, вклучувајќи ги и САД, Канада, ЕУ и Јапонија.

5. Уживање во оригинален вкус без броење калории?

Стевиа воопшто не го менува вкусот на вашиот омилен пијалак. Вкусот е висок приоритет за сите Coca‑Cola пијалаци. Врз основа на долгото искуство и ригорозниот процес на развивање на производите, The Coca‑Cola Company се потруди сите Coca‑Cola производи засладени со стевиа да имаат одличен вкус.