Една од главните причини за создавањето на Роса Школите за Родителство е да ги обединиме ставовите на експертите по однос на правилен раст и развој на децата од моментот на нивно раѓање.
Мисијата на Роса е да им овозможи на родителите пристап до проверени информации, совети од педијатри, психолози, педагози втемелени на долгогодишно искуство и научни истражувања и да обезбеди едноставен пристап до решение за секоја родителска недоумица.
Едно од најчесто поставуваните прашања веднаш по раѓањето на бебето е:
Треба ли на новороденчето да му се дава вода?
Еве ги фактите и советите од педијатрите кои ќе ви помогнат вие како родители да донесете правилна и информирана одлука.
1. Децата кои се исклучиво на мајчино млеко не мора да пијат вода но тоа не значи дека не треба да им понудите, особено во текот на летните месеци. Неколку лажички вода меѓу два подои можат да го освежат бебето, а нема да направат штета, секако доколку внимавате каква вода давате.
Водата првично треба да биде микробиолошки и биохемиски исправна затоа предвид доаѓа само флаширана вода со ниска содржина на натриум, со минерален состав прилагоден на потребите на младиот организам.
Водата од чешма задолжително треба да се преврие пред употреба (минимум 5 минути). Во водата не смее да додавате шеќер, сок, лимон или други додатоци.
Бебињата кои се на адаптирана формула според забелешките на искусните родители почесто имаат потреба од вода па и родителите почесто им нудат меѓу оброците.
Адаптираната млечна формула се подготвува со флаширана вода, тогаш не е неопходно да се изврие водата, но по отворањето таа флаширана вода треба да се чува во фрижидер, за да се искористи за следниот оброк.
Кај бебињата кои од ред причини преминале рано на кравјо млеко се подготвува оброк што содржи 2/3 кравјо млеко и 1/3 од оброкот треба да биде вода.
Кога ќе почнете со воведување на немлечна храна, кашички па и цврста храна, почнете редовно да нудите вода на бебето помеѓу оброци, повторно без никакви адитиви.
Оброците за бебињата треба да се подготвени без шеќер и сол, но сепак нудете му на детето вода без разлика дали е заинтересирано или не. Не дозволувајте сокот да биде замена за вода.
Кога бирате вода за вашето бебе раководете се од следниве три правила: