ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЗАБИТЕ

ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЗАБИТЕ

Сакате совршена насмевка?

Тогаш сигурно знаете дека врвната хигиена и избалансирана исхрана се клучни за одржување на здравјето и убавината на забите.

За да ви помогнеме да направите информиран избор и да донесете мудри одлуки, на амбалажата од сите производи на Coca‑Cola системот ставивме јасни табели со информации за нутритивните вредности на производот.

Што вели науката за храната, пијалоците и здравјето на забите?

Секои храна или пијалок што содржат фементирачки јаглехидрати (шеќер или скроб) вклучувајќи ги и газираните пијалоци кои содржат калории може да влијаат на расипување на забите и појава на кариес. Исто така секоја кисела храна потенцијално може да одигра улога во оштетување на емајлот на забите.

Затоа првиот совет на секој стоматолог е одржување на добра хигиена. Добрите хигиенски навики, како редовно миење на забите, користење забен конец и редовни стоматолошки контроли, може многу да придонесат во намалување на ризикот од појава на кариес и ерозија на емајлот на забите.

Зошто се расипуваат забите и се појавува кариес?

Со ферментирање на шеќерот и скробот под влијание на бактериите кои природно се присутни во устата се создаваат киселини кои го деминерализираат или нагризуваат емајлот на забот поради што се расипуваат забите и се појавува кариес.

Во овој процес времето е клучен фактор. Колку пократко време оралните бактерии се во контакт со шеќер и скроб толку помала е веројатноста дека киселината ќе се произведе и ќе предизвика појава на кариес на забите. Газираните пијалоци природно при конзумирањето не остануваат долго во устата пред голтањето со што се скратува времето на контакт на оралните бактерии со шеќерите.

Како да се спречи дентална ерозија?

Трајното губење на емајлот или цврстата обвивка на забот, како резултат на континуирана изложеност на киселини, е неповратен процес и затоа е особено важно да се спречи.

Многу газирани пијалоци се сами по себе кисели и нивниот ефект врз забниот емајл е сличен на оној што го имаат соковите од лимон, портокал или цитрон врз забите. Плунката помага да се исплакнат и разредат киселините и со тоа го редуцира ефектот врз забниот емајл.

Калциум, фосфор и флуорид се минералите кои можат да помогнат во спречување на процесот на деминерализација на забната глеѓ.