Уживање во познатиот вкус без калории

Уживање во познатиот вкус без калории

Направивме вистинска мала револуција претставувајќи ја Coca‑Cola Zero. Оригинален Coca‑Cola вкус, но без шеќер и без калории.

Сакајќи на своите потрошувачи секогаш да им го понуди најдоброто The Coca‑Cola Company континуирано работи на унапредување на своите производи. Сфаќајќи ја потребата на сé поголем број луѓе да внимаваат на изгледот, да го контролираат внесот на калории со цел да го сочуваат здравјето и да не качат килограми, Coca‑Cola нуди win-win решение. Можете да се откажете од калориите, да го избегнете внесот на бел шеќер, а сепак да уживате во омилениот освежителен вкус.

Горди сме што успеавме да го задржиме максимално богатството на оригиналниот вкус со целата негова полнотија и препознатливост, а притоа пијалокот да не содржи воопшто шеќер и да има нула калории. На овој начин сме им сојузници на сите кои не смеат или не сакаат да конзумираат шеќер и на сите оние внимаваат на тежината - со Coca‑Cola Zero веќе не мораат да се откажат од задоволството да уживаат во својот омилен пијалок.

Нашите потрошувачи не мораат да го менуваат животниот стил и навики, ние сме тие кои се адаптираме на нив, слушајќи ги нивните барања и прилагодувајќи ги производите на нивните потреби.

Направивме вистинска мала револуција претставувајќи ја Coca‑Cola Zero. Оригинален Coca‑Cola вкус, но без шеќер и без калории.

Сигурни сме дека сите кои чекаа вистински Coca‑Cola вкус без шеќер и без калории ќе бидат воодушевени.

А сите останати, особено сите оние лојални на Coca‑Cola Classic, ве предизвикуваме да го пробате новиот рецепт само за да видите дали ќе почувствувате разлика во вкусот.

Чекаме ваши реакции, споредби и резултати од вашето тестирање на Coca‑Cola Zero.