Стратешка еволуција на брендот Coca‑Cola

Стратешка еволуција на брендот Coca‑Cola

Усогласување со препораките на СЗО за дневниот внес на шеќер

Компанијата Coca‑Cola е на пат да стане компанија која ќе нуди комплетна палета на најразлични видови пијалаци, а тоа подразбира усогласеност со препораките на СЗО  според кои додадениот шеќер треба да се ограничи на 10% од дневниот внес на калории.

Претседателот и генерален директор на компанијата, Џејмс Квинси препознава можност за „експоненцијален“ раст во рамки на овие препораки. 

„За да продолжи одржливиот и профитабилен раст на нашите брендови мора да ги поддржуваме потрошувачите и да им овозможиме да го ограничат конзумирањето на додаден шеќер. Имаме цврста намера не само да го прошириме нашиот асортиман туку и да го обликуваме на многу конкретен начин“ - вели Квинси. 

Компанијата ја намалува количината на шеќер во своите газирани безалкохолни пијалаци, внесувајќи измени во рецептот за постоечките пијалаци истовремено задржувајќи го препознатливиот вкус што потрошувачите го сакаат но и во светски рамки пласира нови брендови со ниска количина на шеќер или без шеќер како што е Coca‑Cola Zero.

Меѓу највисоките приоритети е и поголема достапност на помалите пакувања, како мини лименките, и поголеми вложувања во замените за шеќерот.

„Газираните пијалаци сеуште се популарни меѓу луѓето и оваа категорија призводи сеуште е во нагорна линија по однос на приходите. Меѓутоа, јасно ни е дека треба да воведеме промени со кои би им помогнале на луѓето умерено да конзумираат додаден шеќер“ - нагласува Џејмс Квинси.

ПАРИЗ, ФРАНЦИЈА - 18 ЈАНУАРИ: Џејмс Квинси на сцената за време на лансирањето на Кока-Кола на креативната кампања „Еден бренд“ и „Вкуси го чувството“ во Палатата Де Токио на 18 јануари 2016 година во Париз, Франција. (Фотографија од Паскал Ле Сегретан/Гети Имиџис за Кока-Кола)

Во 2016 година компанијата Coca‑Cola го намали шеќерот во повеќе од 200 пијалаци на глобално ниво. Стратегијата за намалување на додадениот шеќер во пијалаците на Coca -Cola изминативе години резултира со над 110 пијалаци со ниска количина на шеќер или без шеќер. 

Помалите пакувања од Coca‑Cola пијалаците и другите брендови газирани пијалаци, кои им помагаат на потрошувачите да го контролираат внесот на додаден шеќер, сега се достапни во продажба во над 140 земји.

„Вкусовите и желбите се менуваат, а и ние се менуваме. За да продолжиме да растеме на соодветен начин внимателно ги слушаме потрошувачите и постојано работиме за да се осигураме дека токму тие се во фокусот на нашето работење. Без оглед на околностите потполно сме решени на потрошувачите да им помогнеме подобро да ја контролираат количината на шеќер што ја внесуваат со конзумирање на нашите напитоци без притоа да треба да се откажат од извонредниот вкус кој го познаваат и сакаат“ - вели Квинси

Компанијата исто така работи на зголемување на видливоста на пијалаците со малку шеќер или без шеќер и продолжува со својата пракса преку амбалажа, на која се наведени јасни и лесно воочливи информации за нутритивните вредности, да им го олесни на купувачите донесувањето на поткрепени и информирани одлуки. 

Но компанијата Coca‑Cola презема чекори  кои ја надминуваат категоријата газирани пијалаци. Асортиманот се проширува со други пијалаци како што се органски чај, кокосова вода, готово кафе, сокови и прочистена вода и тие се нудат на се поголем број локации и се повеќе луѓе. 

Усогласување со препораките на СЗО за дневниот внес на шеќер

Денес во светот обичен човек во просек пие 8 напитоци од по 250мл дневно, а Coca‑Cola е моментално само мал дел од тоа на глобално ниво. 

„Со полно право можеме да тежнееме преку комплетен асортиман не само да ги задоволиме нашите потрошувачи туку и дека ќе ги анимираме и ќе им обезбедиме одличен вкус на напитоците кои ги конзумираат во текот на денот, и секако тоа ќе го направиме во рамки на потребата за придржување кон правилата за здрава и избалансирана исхрана“ - истакнува Квинси. 

Следејќи го овој правец компанијата може да достигне огромни размери.