Малкумина ја знаат тајната формула за пијалокот во кој уживаме повеќе од 130 години и верувале или не рецептот се чува во специјален сеф.
Д-р Џон Пембертон ја изумил Coca‑Cola во 1886г. Од тогаш рецептот се чувал во тајност и бил споделуван само со мала група на луѓе.
Интересно е дека оваа тајна формула е напишана на парче хартија и се чува во сеф во САД. Coca–Cola сефот на тајната формула може да го посетите во музејот World of Coca‑Cola во Атланта.
Луѓето често знаат да прашаат:
Дали рецептот за Coca‑Cola се чува во тајноста затоа што компанијата сака да сокрие нешто?
Па донекаде и така е. Се работи за рецепт кој претставува деловна тајна. Со децении компанијата го чува специјалниот вкус на Coca–Cola пијалокот. Едноставно само The Coca‑Cola Company знае како да направи Coca‑Cola пијалок. Само така можете да бидете сигурни дека секојпат кога ќе купите некој од нашите пијалоци го добивате потполно истото вкусно и освежувачко искуство.
Рецептот за Coca‑Cola пијалокот е веројатно најдобро чувана и обезбедувана тајна во индустријата за храна и пијалоци. Coca‑Cola формулата претставува комплексна мешавина на природни вкусови и иако често била предмет на имитација никогаш не била реплицирана.