За да ја направиме споредбата ви ја донесуваме следната табела:
Многумина се зачудени кога ќе откријат дека со уживање во лименка освежителна Coca‑Cola Classic ќе внесат релативно мала количина кофеин за разлика од испиена шолја инстант чај или филтер кафе.
Кофеинот во Coca‑Cola Classic и Coca- Cola Zero придонесува за добивање на целокупниот препознатлив вкус на пијалокот, дава малку горчина и во комбинација со шеќер или засладувач ја овозможува хармонијата на вкусот во кој уживаме.
Не постојат препораки за дневен внес на кофеин кај здрави луѓе, но за дози над 1000мг ( 7-10 кафиња дневно) лекарите се согласуваат дека се претерани.
Сосем е безбедно секојдневното конзумирање на кофеински пијалоци умерено и без претерување.
Препораки за максимален дозволен внес на кофеин постојат кај трудниците. Лекарите препорачуваат внесот на кофеин во бременоста да се ограничи на 200 милиграми што е еднакво на 2 шолји кафе.
Ако имате предвид дека лименка Coca –Cola содржи 32 милиграми нема причина да се откажете од омилениот вкус во текот на бременоста.
Доколку од низа причини мора комплетно да го избегнувате кофеинот во бременоста, тогаш освежете се со Fanta или Sprite пијалоците кои воопшто не содржат кофеин.
Енергијата со Zero калории
Кофеинот како благ диуретик делува на бубрезите и при тоа помага во исфрлувањето на вишокот на течности од организмот. Ваквиот диуретичен ефект вообичаено е изразен кај луѓето кои не пијат често кафе или кофеински пијалоци.
Оние кои редовно внесуваат кофеин со пијалоци се имуни на овој ефект така што не постои опасност од губење на хидрирнаноста напротив една студија од 2004 година спроведена од Институтот за медицина при Националната академија на науките на САД покажала дека сите пијалоци, вклучувајќи ги и оние кои содржат кофеин придонесуваат за хидратација.
Кофеинот го стимулира ослободувањето на виши масни киселини, притоа овозможувајќи му на организмот да ги искористи како енергија. Познато е дека мастите при разложувањето ослободуваат најголем процент на енергија, потоа доаѓаат протеините, па јаглехидратите.
Поради таквото ослободување на дополнителна енергија од масните киселини, доколку се занимавате со некаква спортска активност, кофеински пијалок пред тренинг ќе ви ја подобри издржливоста.